Жена е осудена на 1 година затвор поради тоа што си ги возела малите бебиња на велосипедот. Но, како?

Мајка од Индијана е приведена откако била фатена како патува низ градот Индијанаполис со нејзините двомесечни близнаци кои плачат, во гајба за млеко врзана за нејзиниот велосипед.

 

 

Блосум Кирби (36) ќе помине една година зад решетки откако беше осудена за занемарување на нејзините деца.

Повеќе луѓе се јавиле на 911 кога ја виделе Кирби како шета низ Индијанаполис со доенчињата во гајба за млеко што била прикачена на предниот дел од нејзиниот велосипед во јули 2022 година.
Некои велат дека виделе како мајката за малку ќе паднела од велосипедот додека бебињата седеле во пластичната кутија за време на жешките летни горештини.
Кога полицијата ја запрела, Кирби им кажала дека секогаш ги превезувала своите деца на тој начин – затоа што немала автомобил.

Брајан Хендерсон, кој бил сведок на тешкото искушение, рекол дека прво мислел дека двете деца се кукли додека не видел како едното мрда со рацете.

Сјузан Линч, исто така, ја видела Кирби како ги превезува децата во гајба и изјавила за „Фокс 59”: „Ми кажа дека пред да ја запрам, имала едно бебе напред и едно бебе одзади”.

„Таа не можеше толку добро да го контролира велосипедот, па ги стави двете бебиња во една гајба за млеко напред.
Случајниот минувач додаде: „Тоа беше срцепарателно. Она за што не можам да престанам да размислувам е дека знам дека не бев единствениот што ја видов, имаше толку многу луѓе кои со автомобил поминаа покрај неа и продолжија да возат којзнае колку долго”.

 

На 22 мај 2023 година, поротата во округот Мерион ја прогласи мајката за виновна по обвиненијата за занемарување на детето.

Таа беше осудена на две години затвор, со една година споена за двете точки – кои ќе ги одлежува истовремено.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *