Жена фатена како става влакна од сопствената коса во чинијата за да не плати сметка во ресторанот

Бесниот Том Крофт (32) ѝ вратил на гостинката 15 евра за вечера со говедско печено месо, откако тие тврделе дека нашле влакно во нивната храна во ресторан во Блекбурн, Ланс. Но, кога ја проверил снимката од видео надзорот за да се увери дека косата на неговиот персонал е врзана назад, останал „згаден“ откако видел како клиентката ги става своите прамени во храната.

На видеото жената му шепоти на мажот пред да ја искине црната коса и да ја стави на полупразна чинија. Според Крофт, по ова клиентката се пожалила на келнерот и предизвикала кавга во барот, а веднаш ѝ биле вратени парите за вечера.

„Го гледавме видеото за да видиме што тргнало наопаку, можеби на некој од вработените не им била фатена косата или нешто слично, но потоа самите го видовме. Тоа е само одвратно, бев многу лут. Постојат луѓе кои се подготвени да ја загрозат репутацијата на местото и работата на персоналот за јадење од 15 евра. Готвачите можеби мислат дека тоа е нивна вина кога не направиле апсолутно ништо лошо“. – вели Крофт

Крофт е косопственик на ресторанот пет и пол години, но никогаш досега не доживеал вакво нешто.

„Ова никогаш досега не ни се случило. Да не ги најдовме снимките од видео надзорот, нашата репутација ќе настрадаше. Никој не сака да јаде во објект каде што има влакна во храната. Ние строго ги следиме правилата за хигиена и подготовка на храната“, објасни Том.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *