Жена го ИЗНАЈМУВА својот сопруг на други луѓе и вели дека бизнисот и цвета: „За 45 евра нуди сѐ, од местење телевизор, до…“
Пред четири месеци Лаура Јанг ја започнала идејата „Изнајми го мојот вреден сопруг“ откако ја добила идејата од подкаст.
Мајката на три деца го рекламирала Џејмс на „Фејсбук“ и на апликацијата „Nextdoor“ и за еден ден тој го добил својот прв клиент.Не долго после тоа, тој бил баран од луѓе дури шест дена во неделата.

Џејмс наплаќа 45 евра и нуди сè, од поставување телевизор, местење на мебел, украсување и слично.
Лаура вели: „Никогаш не очекував дека ќе тргне бизнисот толку многу како што започна. Работевме само четири месеци и дојдовме до точка кога имаше толку многу работа што Џејмс работеше шест дена во неделата. Имавме сопствени планови за градба што не ги ни започнавме бидејќи бевме толку зафатени“.
42-годишникот исто така морал да го намали работното време од 9 до 17 часот од понеделник до петок. Но, оттогаш тој започнал празнична услуга која вклучува инсталирање на новогодишни светилки.
Лаура додаде: „Тој е навистина добар во градењето работи и не се замара со упатствата. Па мислев дека ова ќе биде нешто што тој може да го прави. Тој е добар во сè околу куќата и градината, па си помислив „зошто да не ги искористам тие вештини и да не го вработам?“

“Тој има многу методичен ум и може да размислува надвор од кутијата. Тој ги гледа работите поинаку”, продолжи таа.
Џејмс започнал со помагање на својот прв клиент со замена на рамката на вратата, но оттогаш почнал да поставува теписи, да поплочува и да малтерисува ѕидови.
„Rent My Handy Husband“ наплаќа околу 45 евра по работа бидејќи Лора и Џејмс сакаат да обезбедат услуга на која секој може да ѝ пристапи.

„Сакаме да ги сведеме трошоците на минимум и да бидеме искрени со луѓето. Знаеме како е да се живее на буџет, затоа нудиме попусти за лицата со посебни потреби, негувателите и постарите од 65 години“.

Коментирај анонимно