Жена го тужи своето момче затоа што не ја запросило по 8 години врска

По осум години врска без запросување една жена одлучила да го тужи својот сакан. Вакво нешто обично се гледа во филмови, комедии, но се случува и во реалниот живот. Еден партнер сака да ја придвижи врската напред, да прави планови за иднината, да размислува за брак, за деца, но другиот едноставно од некоја причина не е заинтеренсиран за вакво нешто.

Другата личност се наоѓа во непријатна ситуација и најчесто молчи и чека или пак поставува ултиматум, секако постои и трета опција како оваа девојка која го тужи своето момче. Гертруда Нгома (26) веќе осум години се забавува со 28-годишниот Херберт Салалики.

Гертруда објаснила пред судот во Замбија дека е загрижена дека нејзиното момче не е сериозно во врска со нивната врска. На девојката ѝ здодеално да го чека Херберт кој ѝ ветил дека ќе се ожени со неа, но никако да ѝ го постави прашањето.

„Тој никогаш не бил сериозен. Затоа го дадов на суд затоа што заслужувам да го знам патот напред и нашата иднина.“, изјавила Гертруда. Според извештајот, момчето во моментот не е во финансиска состојба да си дозволи свадба, па затоа го одложувал поставувањето на прашањето се додека неговата финансиска состојба не биде постабилна.

Исто така, Херберт изјавил дека Гертруда не е совршена девојка и се пожалил дека не му посветува доволно внимание. Сепак, Гертруда споделила сомнежи и за лојалноста на нејзиниот партнер, со сомневања дека тој можеби разговарал со друга жена.