Жена го учи своето куче да користи говорна табла, па сега тоа почнува само да создава реченици!
Кристина Хунгер (26) е патолог за говор во Сан Диего, Калифорнија, која верува дека „секој заслужува глас“.
Хунгер работи со едно и двегодишни деца, од кои многу користат адаптивни уреди за да комуницираат. Затоа се запрашала што би се случило доколку го научи своето двомесечно кученце, Катахула, да го прави истото.
„Ако кучињата можат да ги разберат зборовите што им ги кажуваме, зарем не треба да можат да ни кажат зборови? Дали кучињата можат да користат некаков јазик за да комуницираат со луѓето?“ – вели таа.
Хангер и нејзиниот вереник Џејк започнале едноставно со создавање на копче на кое пишувало „надвор“, а потоа го притискале секогаш кога ќе го кажеле зборот или кога ќе ја отвореле вратата. По неколку недели, секој пат кога Хунгер велела „надвор“, Стела гледала во копчето.
Наскоро, Стела почнала да го гази копчето секој пат кога сакалада излезе надвор.
Наскоро додале уште копчиња на кои пишува „јади“, „вода“, „игра“, „прошетај“, „не“, „дојди“, „помош“, „чао“ и „те сакам“.
„Секој ден поминував време користејќи ги копчињата на Стела за да разговарам со неа и да ги учам нејзините зборови исто како што би правела на сесиите за говорна терапија со деца“ , напиша таа на својот блог.
Ако садот со вода на Стела е празен, таа вели „вода“. Ако сака да игра влечење јаже, таа вели „играј“. Таа дури почнала да им кажува на пријателите „чао“ ако ги облечат јакните до вратата.
Стела набрзо научила да комбинира различни зборови за да прави фрази.
Денес, Стела научила повеќе од 29 зборови и може да комбинира до пет истовремено за да направи фраза или реченица.
„Начинот на кој таа користи зборови за да комуницира и зборовите што ги комбинира е навистина сличен на 2-годишно дете“, вели Хунгер за нејзиниот блог.
Таа верува дека нејзината работа има потенцијал да ја трансформира врската меѓу луѓето и кучињата.
Коментирај анонимно