Жена ѝ помогнала на улична мачка, а потоа таа ја искажала благодарноста на свој начин

Лисиана, од Квебек, Канада, била во својата градина кога забележала симпатична мачка со убаво крзно. Мачката изгледала прилично гладна, па Лисиана го направила она што би го сторила секоја добра личност, ѝ наполнила чинија со храна и вода. Така започнало едно убаво пријателство.

Жената станала приврзана за мачката, дури именувајќи ја Усаги. Со секој изминат ден, мачката се враќала во домот по храна и вода, свесна дека оваа жена сака да се грижи за неа. Стомакот на Усаги станувал се поголем и поголем и Лисиана не била сигурна дали е од храната или пак мачката очекува мали мачиња.

По некое време Усаги ја изненадила Лисиана, едно по едно почнала да ѝ ги носи своите бебиња на тремот. Нивната добра самовила решила да им помогне, па ги сместила на безбедно. Лисиана одлучила да ја задржи Усаги, едно од мачиата го посвоил нејзин пријател, а останатите 5 се дадени да бидат посвоени од други семејства.

За жал сите мачиња имаат проблеми со дишењето и конјунктивитис, но се лекуваат. Тејлор, Тани и Тијана се женки, а Тејлс и Тито се мачори.