Жена ја откажа венчавката со ДУХ, откако се вратил дома пијан и ја изневерил
Жена која требаше да се омажи за дух ја откажа венчавката откако ѝ било доста од неговите диви лудории и забави зад грб. Да, да добро причитавте, жена која себеси се нарекува „медиум“ се појавила на национална телевизија за да раскаже како нејзиниот партнер, дух, ѝ го скршил срцето.
Таа во емисијата се јавила од Португалија и им кажала на водителите дека нема да има венчавка со нејзиниот вереник. Аметист Реалм претходно исто така на телевизија кажала дека имала сексуални средби со духови додека била во Австралија. Нејзиниот поранешен вереник се викал Реј.
Медиумот потврдил дека двојката веќе не е заедно и дека таа во суштина го заклучила надвор од куќата, откако тој „паднал во лошо друштво“ и „станал нечувствителен и ќе заминел долго време и ќе се врател други духови“. Во 2018 година, Аметист отиде во утринската емисија за да сподели со светот дека се сретнала и имала интимни односи со 15-тина духови и конечно го пронашла вистинскиот за да се смири.
Аметист исто така откри дека и нејзиното семејство, како и семејството на Реј, биле природно разочарани од разделбата. Според неа неговото семејство се растажило поради однесувањето на Реј. А токму кога помисливме дека нема многу забегани на планетава…