Жена која била слепа од раѓање открива што најмногу ја изненадило откако прогледала

Жената била слепа во поголемиот дел од својот живот, но сега, откако прогледала, открива што најмногу ја изненадило.

Оливија Дурант, од Филаделфија, која моментално живее во Лос Анџелес, САД, била слепа од раѓање. „Слепилото е спектар. Секој слеп човек не е ист. Бев толку кратковида што не можев да ги идентификувам луѓето, да излезам сама надвор или да гледам телевизија“, објаснува таа.

На 34 -годишна возраст, по операција, таа прогледала. После многу години таа конечно јасно можела да го види светот.

Дурант, искусен јавен говорник, редовно објавува видеа на TikTok (@onidurant) и Instagram (@onidurant), каде што раскажува за својата состојба и одговара на прашања на следбениците.

Еден корисник неодамна праша: „Кои се работите што те изненадија кога прогледа?“

Таа одговори: „Големината и обемот на нештата. Работите каде што има многу дразби, како концерт, бар или полн ресторан, навистина ме збунија многу, бидејќи вашиот мозок навистина не може да ги земе сите тие информации одеднаш. Замислете да преминете од Nintendo на PS4 преку ноќ. Ќе му треба малку време на мозокот да се прилагоди на тоа“.

Во друго видео, таа одговори на прашањето: „Што беше она што најмногу те шокираше кога го виде за прв пат?“

Дурант рече: „Како игледам. Немав поим како изгледам, кога влегов во продавница со огромни огледала дури се поздравив себе си бидејќи не можев да се препознаам. Имав криза со идентитетот затоа што е малку чудно кога не можеш да се препознаеш… малку е вознемирувачки. Се` што знаете за себе е погрешно“.