Жена која потрошила мало богатство за да изгледа како Барби планира да се клонира за многу хумани цели

Мајка од Лос Анџелес, која потрошила 70.000 евра за да изгледа  како “Барби” има нова цел: Да направи армија на клонови.

Марцела Иглесијас, 43-годишна телевизиска ѕвезда, потрошила околу 70.000 евра на козметички процедури во текот на годините, но негира дека има каква било пластична операција. Наместо да се стави „под нож“ таа се одлучила за низа “врвни третмани” како „пајак лифтинг“, кој вклучува инјектирање на колаген во задникот.

Таа троши 1.000 долари секоја година за ботокс, терапија со матични клетки и филер на усни и образи, и има план да го овековечи својот изглед со клонинрање.

“Сакам да бидам клонирана, а потоа да видам дали можеме да ги користиме тие органи за донација во иднина. Армијата на клонови би била одлична. Има многу пациенти кои имаат потреба од трансплантација на органи. Со донирање на моите матични и јајце клетки, хипотетички би можело да се создадат човечки органи со цел да им помогнат на луѓето кои имаат потреба од трансплантација “, рече таа.

Иглесијас била инспириран од професорот Накаучи од Универзитетот во Токио, кој спроведува истражување за создавање органи врз основа на матични клетки. Таа смета дека клонирањето веќе се случува, но деталите сè уште не се откриени во јавноста.

“Почнав со истражување на терапија со матични клетки поради болеста на татко ми и научив многу за тоа. За жал, татко ми почина и тој не сакаше да помине низ третманот, па ја искористив предноста на сите информации и решив дека е време да сторам нешто ” вели Иглесијас.