Жена која пуштила брада на 15 години одбива да ја избричи и покрај тоа што ја нарекуваат „одвратна“
Клајд Ворен, 27, од Небраска, САД, вели дека одбива да дозволи сурови коментари од непознати луѓе, кои ја нарекуваат „одвратна“, да ја спречат да се сака себеси каква што е.
На хонорарната писателка и се потсмеваат на апликациите за состаноци поради нејзината брада, но таа останува решена да најде партнер кој ќе ги сака влакната на лицето исто како и таа.
Причината за вишокот влакна на лицето на Клајд е мистерија и покрај тоа што влијае на нејзиниот љубовен живот, таа рече дека научила да го сака своето природно тело и затоа негативноста од другите луѓе не влијае на неа.

Клајд рече: „Имам многу погледи и луѓето, тие ќе се обидат да ми испратат пораки и да ми кажат дека сум одвратна и груба“.
„Мене тоа ми пречи понекогаш, но јас сум прилично сигурна во себе. Никој не сака да добива такви коментари“.
„Некои луѓе со кои се дружам ја прифаќаат и само гледаат на тоа како моја необична карактеристика, мојот последен дечко навистина ми даваше поддршка и ја сакаше мојата брада“.
Клајд најпрво започна да забележува густи влакна на лицето на 15-годишна возраст и веднаш решила да и дозволи на природата да тера по свој пат.


Таа рече дека нејзината брада е лесна за одржување и треба само повремено средување и да се мие еднаш дневно.
Клајд рече: „Почна да расте во училиште и имав подебел мустаќи од нормалното. јас решив да го прифатам тоа.“
„Мајка ми имаше што да каже за тоа. Не и се допадна тоа воопшто и ми рече да го ставам под контрола, но не ми беше гајле. Одбив да го избричам“.

„Јас само работам на својата самодоверба, во ред е да бидам малку поинаква“.
„Универзумот сакаше да биде вака, така што ќе му верувам“.
Хирзутизам е состојба што предизвикува жените да имаат густа, темна коса, која им расте на лицето, вратот, градите, стомакот, долниот дел на грбот, задникот или бутовите.
Често е предизвикано од промена на нивото на хормоните и зголемување на хормоните наречени андрогени, вашето тело е почувствително на нив.

