Жена која занемела цели 2 месеци се разбудила со четири различни акценти

Емили Еган, од Есекс, ги остави лекарите збунети кога не беа во можност да најдат објаснување зошто таа одеднаш занемела. Како и да е, 31-годишната жена уште повеќе ги збунила сите кога конечно го повратила својот глас, со додавање на странски акцент.

И покрај тоа што е родена и одгледана во Есекс, Емили сега зборува со полски акцент, но нејзиниот глас може одеднаш да се смени и да звучи како француски и италијански.

Кога е под стрес говорот на Емили започнува да личи на скршен англиски јазик и нејзиниот акцент станува руски. Но, ако е исцрпена, таа може да ја изгуби можноста да зборува воопшто.

„Не се смени само мојот акцент не зборувам или размислувам на ист начин како и пред ова и не можам да конструирам реченици како порано. Сега пишувам различно, целиот мој речник се смени и мојот англиски се влоши и покрај тоа што живеам во Велика Британија целиот живот.“, вели Емили.

По неколкумесечни тестови, Емили конечно беше дијагностицирана со синдром на странски акценти – ретко говорно нарушување предизвикано од оштетување на мозокот. Во оваа фаза, лекарите сè уште немаат никаква идеја што го предизвикало тоа.

31-годишната жена доживеала главоболки две недели пред да се продлабочи нејзиниот глас одеднаш додека работела во домот на децата со кои управува во Бурнемаут во јануари оваа година.

Лекарите првично се плашеле дека таа претрпела мозочен удар, откако нејзиниот говор станал бавен и осиромашен, а таа била пренесена во болница. Кога утврдиле дека не станува збор за тоа тие не можеле да откријат зошто Емили не може да зборува и ја пратиле дома, а таа комуницирала само преку апликација на мобилниот телефон.

Додека Емили посетува приватна гласовна терапија еднаш неделно, нема гаранција дека таа ќе може да го преквалификува мозокот за да зборува како порано. Како и нејзината промена во акцентот, Емили беше пренесена во болница пред само две недели со слабост од левата страна и сега е дијагностициран и со функционално невролошко нарушување.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.