Жена ми и полицаецот (виц)

Ме запира полицаец за брзо возење. Ми ги зема документите, вели казна и оди во полицискиот автомобил да пишува. Излегува жена ми и започнува да се расправа со него. Излегувам и јас, палам цигара на страна, затоа што знам дека ова ќе потрае. После 10 минути полицаецот ми мафта со раката да дојдам. Одам и ми вели:
– Повелете документите господине.
Јас зачудено прашувам:
– А казна нема ли да има?
– Брат нема што јас да те казнувам кога тебе Господ доволно те казнил.