Жена на првиот состанок нарачала и „шмукнала“ 48 остриги, па сега се прашува зошто потенцијалниот партнер отишол до тоалет и никогаш не се вратил. Имате идеја?
Една жена стана вирална откако шмукнала 48 остриги во ресторан во Џорџија додека била на прв состанок.

Жената, која се нарекува „EquanaB“ на „TikTok“, откри во видео дека се запознала со нејзиниот потенцијален партнер во „Fontaine’s Oyster House“ во Атланта. Таа нарачала четири порции остриги и бучно ги шмукнала за време на вечерата. Оттука сè тргнало наопаку.
Додека чекала нејзиниот „дејт“ да излезе од тоалетот, жената сфатила дека тој всушност го напуштил ресторанот. Но, додека „EquanaB“ беше згрозена од однесувањето на нејзиниот партнер, оние што го гледаа нејзиното видео на „TikTok“ побрзаа да ја обвинат дека нејзиното однесување не било во ред.

На почетокот на нејзиното видео, „EquanaB“ објасни дека се сретнала со човекот неколку недели претходно додека била со пријателите и изјавила дека мажот „и пишувал пораки со недели“.
„Ми беше досадно и имав време, па тој ми праќаше пораки како „дали може да се сретнеме на пијачка?“ продолжи таа.

Откако ги завршила 48-те остриги, жената нарачала колачи од рак и компири со црвена кожа, за кои таа вели дека се „десет од десет“. Нејзиниот потенцијален не мислел така, а откако и кажал на жената дека оди во тоалет, тој заминал и повеќе не се вратил.
Човекот навистина ѝ пратил порака: „Понудив да те одведам на пијалол, а ти ја нарача целата таа храна – можам да го платам вкупниот износ за пијалоците“.
Жената објави уште едно видео на „TikTok“ откако стана вирална, видео како одговор на коментарите за сметката во ресторанот.

Коментирај анонимно