Жена не можела да остане бремена, но благодарение на жртвата на нејизната мајка, желбата ќе ѝ се оствари

Брејана Локвуд и нејзиниот сопруг Арон се надеваа дека ќе имаат бебе кратко откако се венчаа во 2016 година, но наскоро добиле лоши вести дека тоа можеби никогаш нема да се случи, откако нивните обиди станале неуспешни.

По неколкумесечни обиди, парот реши да побара помош од клиниката за плодност во Илиноис, каде им препорачуваат да започнат со третман на плодност.

За жал нивниот пат за да добијат дете не можел да биде лесен. Трагично, Брејана претрпе две спонтани абортуси и подоцна го разви Ашермановиот синдром, состојба која се стекнува од оштетено ткиво во матката. Во овој момент, нејзиниот лекар, д-р Брајан Каплан, овластен репродуктивен ендокринолог, им предложил да најдат сурогат мајка. Сепак оваа решение ќе го чинеше парот 100.000 американски долари.

Затоа мајката на Брејана, Џули Ловинг, им предложила таа да го носи своето внуче наместо неа. Нејзината ќерка првин се колебала, но потоа го прифатила решението на нејзината мајка.

„Чувствував како да го поминав ова со неа уште од почеток. Ја чувствував целата тага и нејзината борба. Знаев дека сум здрава како 51-годишник и знаев дека можам да го направам ова за неа, добро се грижев за себе. Јас всушност не се чувствувам како да имам 50 години, се чувствувам како да имам 30.“, вели мајката на Брејана.

Првин и лекарот не верувал дека ова ќе биде можно. Но, откако ги направиле сите потребни тестови мајката и ќерката добиле зелено светло. Џули сега делува како гестациски сурогат на Брејана и Арон, што значи дека го носи биолошкото дете на парот и нејзиното биолошко внуче.

Сега, на 21 недела од бременоста, Брејана вели дека конечно си дозволува да се возбудува после неколку години разочарување и тага. Минатата недела тие дознале дека ќе добијат девојче.