Жена од Аргентина го достигнала врвот на љубомората, па сега ќе оди во затвор: „Ако ми избегаш, ќе дојдам по тебе, но за да не ми избегаш ќе те ЗАКЛУЧАМ во соба!“
Екстремно љубоморна жена неодамна беше уапсена во Аргентина бидејќи три дена го држела своето момче затворено во својот дом. Сакала да се увери дека тој не ја изневерува.
Во саботата полицијата во аргентинскиот град Ла Плата спаси 29-годишен маж од заклучена соба во куќата на неговата девојка. Тој тврдел дека бил затворен таму повеќе од 72 часа по расправијата со неговата девојка со која живеел шест месеци, а која се покажала како крајно љубоморна.
Неименуваната жена наводно го заклучила мажот во соба, а потоа му го скршила паметниот телефон на подот за да го спречи да разговара со други жени. Го држела таму три дена по ред додека не успеал да и го украде телефонот и да му прати порака на пријател барајќи помош.
Кога полицијата пристигнала во куќата на улицата Вила Понсати во Ла Плата, слушнала како очаен маж вика за помош од заклучена соба. Ја уапсиле неговата 30-годишна девојка и му ја вратиле слободата. Мажот им кажал дека неговата девојка била љубоморна од почетокот на нивната врска, па отишла дотаму што кога и да излегол со другарите, му поставувала „време за враќање“.
„Таа ми се закани дека ако не стигнам во одредено време, ќе дојде таму каде што треба да ме бара“, рекол мажот во полиција, додавајќи дека со текот на времето нејзината љубомора само се засилувала.
Според жртвата, таа му рекла дека го држела затворен за да се увери дека не ја изневерува. Не е јасно како успеал да го земе нејзиниот мобилен телефон за да му прати порака на пријателот, но ако не го сторил тоа, веројатно сè уште би бил во таа соба.
Љубоморната жена е уапсена и обвинета за „незаконско притворање“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно