Жена од Кина ја доживеа 107-мата година и покрај тоа што на челото ѝ пораснал „рог“ долг 10 сантиметри

107-годишна жена од Кина ги зачуди корисниците на социјалните мрежи со тоа што покажа огромен рог што ѝ расте од челото.

Жената, по име Чен, стана неочекувана ѕвезда на кинеската верзија на ТикТок, наречена Douyin, откако објави видео каде гордо го покажува својот „рог на ѓаволот“.

 

Многу гледачи сметаат дека овој необичен израсток е тајната на долгата возраст на Чен и го нарекоа „рог на долговечноста“.

Рогот растел со години, но Чен и покрај тоа е во добро здравје, со добар апетит и позитивен став.

 

Докторите го идентификуваа израстокот како кожен рог, кој често се поврзува со продолжено изложување на сонце. Иако најчесто е безопасен, експертите препорачуваат ваквите израстоци да се следат поради мала можност за развој во малигна форма.

Чен не е единствената постара личност што стана позната по ваков рог. Во 2019 година, 74-годишниот Шјам Лал Јадав од Индија, исто така имаше сличен рог долг околу 10 сантиметри, кој му беше отстранет од хирурзи. По операцијата, пациентите со „рог на ѓаволот“ може да бидат подложени на радијација или хемотерапија, а кожата се пресадува за да го покрие делот каде што бил рогот.

 

Сепак, се верува дека Чен нема планови да го отстрани рогот, а многу корисници на социјалните мрежи во Кина исто така ја охрабруваат да не го прави тоа.

Според докторите, кожните рогови се доста ретки, но може да се појават на лицето, ушите, рацете, прстите, па дури и во екстремно ретки случаи – на пенисот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *