Жена открива тајна како да ги „светнете“ белите патики со само три продукти од домаќинството
Австралијка, мајка на две деца воодушеви илјадници луѓе на интернет откако сподели едноставен начин за чистење и осветлување на белите патики.
Шантел Мила, попозната како „Мама Мила“, користела три главни производи во домаќинството – сода бикарбона, сапун за садови и вода, за нејзините чевли да изгледаат пенливо нови.

Мајката од Мелбурн ја покажа тактиката во видео на „TikTok“ , каде што често ги споделува своите совети за чистење и стил на милиони луѓе.
За да го направите растворот, измешајте половина чаша сода бикарбона, една лажица сапун за садови и вода во сад за да формирате паста. Потоа користете стара четка за заби за да го нанесете растворот и исчистете ги чевлите.
На крајот, ставете ги патиките во деликатна мрежеста кеса и ставете ги на нежен циклус на перење, а потоа патиките можете да ги оставите на сонце или да ги ставите во машина за сушење за да ја отстраните влагата.

Истата паста може да се користи и за отстранување на дамки од вода од вашиот мијалник.
Следбениците на Шантел беа воодушевени од трикот и оттогаш видеото надмина повеќе од 17.000 прегледи.
„О леле, колку е корисно“, коментира една жена.
Еден следбеник на Шантел ги предупреди другите обожаватели „никогаш да не ги сушат патиките на сонце“, објаснувајќи дека поради тоа тие стануваат жолти.
Сем, кој ја води страницата на „Инстаграм“ „Addicted to Bargains“, сподели видео на интернет во кое го демонстрира процесот со помош на сунѓерчето „Eraser Daddy“ од 7,50 долари.
„Сакам бели чевли, но супер брзо се валкаат. Дадов од бришачот „Daddy“ и тој е супер лесен за употреба и ја врши работата толку добро“, напиша мајката од Австралијка.
Патиките беа покриени со кафена нечистотија, особено на предниот дел на чевлите, но производот го олесни отстранувањето.
„Додадов хартиена крпа под чевелот за да може да падне секој валкан остаток на него. Тоа е супер лесно да се направи“, рече Сем во клипот.

Таа прво го навлажнила сунѓерот пред да ги исчисти патиките и за неколку секунди нечистотијата ја снемало.
„Eraser Daddy“ се одликува со двостран дизајн од „три-композитен материјал“ и „поддршка на „FlexTexture“ за лесно отстранување на тешките дамки.

Коментирај анонимно