Жена преживеала 19 предозирања, но откажувањето од дрогата ѝ го сменило животот целосно

Медисон Мекманус од Њу Џерси, САД, најпрво пробала тешка дрога на 15-годишна возраст со своето момче. Истата година, таа завршила во клиника за рехабилитација. Сепак, третманот не помогнал, девојчето се распаѓало одново и одново сè додека не забременила на 18-годишна возраст. Потоа успеала да мине девет месеци без да користи ништо.

Но, зависноста повторно ѝ се вратила. Таа останала без семејството и поминала 6 години талкајќи по улиците. Девојката имала чувство на вина, но не преземала ништо во врска со тоа.

„Го напуштив училиштето, се откажав од старателството над ќерка ми, едноставно не можев да престанам да користам. Во тој момент немав семејство, немав пријатели – никој. Бев сама.“, вели таа.

Пресвртот се случил кога била уапсена последниот пат во 2018 година. Дотогаш таа веќе преживеала 19 предозирања. Таа вели дека седнала на карпа и извикала: „Боже, те молам, извади ме од тука.“ Во затворот таа повторно била на рехабилитација и овој пат успеала.

Повеќе од две години Медисон не користи нелегални супстанции и се сеќава на минатото како лош сон. Сега 28-годишната Американка се обидува да го врати старателството над својата ќерка и ги советува другите кои се наоѓаат во слична ситуација никогаш да не се откажуваат.