Жена пронајде начин како да рециклира пластиката во тули што се посилни од бетони

Една жена од Кенија повеќе не можела да ја поднесе негрижата на властите во однос на загадувањето со пластика, па смисли решение за самиот проблем, создавајќи цигли од рециклирана пластика. Нзамбие Мате, инженер за материјали со седиште во Најроби, создаде процес да го претвори „ѓубрето во пари“ со претворање на вреќи со пластичен отпад во градежни материјали, за кои вели дека се „пет до седум пати посилни“ од типичните бетонски тули.

Компанијата на Мате Gjenge Makers, произведува околу 1.500 тули секој ден во својата фабрика во главниот град и има рециклирано дури 20 тони пластичен отпад од производствената линија, која што Мате ја има дизајнирано самата. Компанијата работи со фабрики за пакување, кои својот отпад го растовараат бесплатно до Gjenge Makers наместо да плаќаат за да го испратат до компаниите за рециклирање.

„Постои тој отпад што повеќе не можат да го обработуваат; тие не можат да рециклираат. Тоа е она што го добиваме“, објаснува Мате. Тулите на Gjenge Makers се изработени од мешавина од три вида пластика – полиетилен со висока густина, полиетилен со ниска густина и полипропилен – материјали што се наоѓаат во сè, од шишиња со шампони до кофи.

Торби со пластичен отпад доставени до фабриката се топат, се мешаат со песок и потоа се компресираат во калапи од тули со различни форми, големини и бои. Еден метар квадратен тули чини 7 евра.

Таа ја основа својата фабрика откако се „измори да биде настрана“ кога станува збор за справување со проблемот со пластичен отпад во Кенија, Мате вели дека процесот на поставување на сопствена производна линија е како да скока од карпа дури и без падобран. Сепак, иновацијата на Мате е толкууспешна приказна што планира да отвори втора линија за производство со тројно зголемување на капацитетот и верува дека нејзината компанија може да се пробие дури до крајот на оваа година.