Жена пронашла тампон во автомобилот на нејзиниот сопруг, којшто не бил нејзин, за потоа да ја дознае морничавата вистина за нејзиниот маж
Една 29-годишна жена неодамна раскажала приказна на „Редит“ во која е опишано зошто неколку тампони го уништиле нејзиниот апсолутно среќен брак. По 7 години и 2 деца заедно, таа немала ниту една причина да верува дека нејзиниот 30-годишен сопруг ќе ја изневерува. Но, она што подоцна го открила, ја натерало да посака подобро да ја изневерувал.
1. Жената нашла кутија тампони во автомобилот на нејзиниот сопруг, а не биле нејзини

Таа напиша: „Кога ја ставивме нашата ќерка на нејзиното седиште, забележав нешто процепено меѓу перничињата. Го извадив и видов дека е тампон. Ова немаше да биде толку невообичаено да немав спирала што ми го прекина циклусот изминатава година, а јас дури и не го препознав стилот на обвивката“.
Кога разговарала за тоа со нејзиниот сопруг, тој помислил дека најверојатно и припаѓа на неговата колешка, мажена жена по име Фиона. Имајќи на ум дека тој често се дружел со своите соработници за ручек, жената решила да се откаже од истрагата до неколку недели подоцна кога биле на вечера со Фиона и нејзиниот сопруг.
2. Сомнежот се уште бил тука

Жената продолжила со својата приказна, велејќи дека сè уште има некои сомнежи, на кои сакала да им стави крај. „Искрено сакав да му верувам на мојот сопруг“, објасни таа. Нејзиниот сомнеж ја довел до одлука да лажира „итен случај“ за време на вечерата, по што побарала од Фиона тампон.
Повторно, таа го ставила прашањето на страна, се додека истото не се повторило следното утрото, кога таа одлучила да ја сподели својата приказна на „Редит“. „Овој пат во мојата фиока за чорапи. Се чувствувам физички лошо од помислата дека мојот сопруг има афера, а уште повеќе ме мачи помислата дека жената можеби ги оставила овие тампони за да ги најдам“.
3. Потоа се појавил уште еден загрижувачки доказ дека нешто не е во ред

Жената напиша: „Сестра ми беше убедена дека тоа е Фиона – или има афера со мојот сопруг, се меша со мене или и двете“. Потоа додаде: „Јас и сестра ми се согласивме дека е прерано за камери без никакви други докази, така што од таму беше само игра на чекање“.
Се обидела да побара барем некоја забележителна промена во однесувањето на нејзиниот сопруг, но ништо не се случило. Таа била подготвена нејзината истрага да ја нарече „фијаско на тампонот“ додека на нејзиното 2-годишно дете не му се слошило. Самата болест не бил проблемот, ниту одлуката на нејзиниот сопружник да се откаже од работа за да се грижи за бебето; проблемот бил во тоа што жената не била дома до крајот на неделата.
Жената пишува: „Детето го оставив тоа утро во стари пижами, а подоцна беше облечено во облека што никогаш порано не сум ја видела, со мала штипка во нејзината коса. Не можам да кажам дека имам најостра меморија, но имам прилично добро чувство за тоа што носат моите деца секојдневно, а особено каква облека носат “.
Таа веднаш разговарала со сопругот. Таа била сигурна дека тој никогаш не донел одлуки за купување на гардеробата на нивните деца и дека тоа сигурно не било нешто во што таа некогаш би ги облекла, но тој повторно негирал сè.
4. Конечно мистеријата била случајно откриена, а жената останала во длабок шок

„Известувањето за ѕвонење на вратата дома ми го привлече вниманието, додека бев на работа. Половично очекувајќи да видам доставувач, домашно милениче, можете да го замислите моето изненадување кога видов снимка од млада жена која ја води ќерка ми во куќата рака под рака, со мојот сопруг и другата ќерка зад нив. Девојките требаше да бидат во дневен престој, а мојот сопруг на работа. Жената, колку што знаев, живееше две држави подалеку со судски налог да ја задржат таму“.
Се испоставило дека оваа жена е сестрата на нејзиниот сопруг. Како што нашата хероина набрзо сфатила, таа била веројатниот изворот на двата тампони. Но, највознемирувачко од сè било тоа што оваа личност имала сериозни проблеми со законот и ѝ било строго забрането дури и да им пријде на децата.
Жената напишала: „Тоа воопшто не беше афера и сепак, некако ми беше бескрајно одвратно. Очигледно сестра му сакаше повторно да се поврзе со луѓето што ги повредила, а мојот сопруг беше прв на таа листа. Мојот сопруг не сакаше да знам или, уште полошо, да се обидам да го држам „нејзиното семејство“ (нашите деца) подалеку од неа, па тие се состануваа тајно – честопати кај нас дома кога бев на работа“.
Влегувале низ гаражата, во автомобилот на мојот сопруг, па камерата „Ring“ на влезната врата не би ме известила. Таа ја поминала ноќта кај нас кога бев на службено патување и спиела во нашиот кревет. Таа ги чувала нашите девојчиња ноќта кога мојот сопруг ми рече дека ги оставил кај неговите родители. Таа им купила облека на девојчињата и ја облекла мојата најмала“.
Сега, жената ќе го следи советот на еден од коментаторите: „Повикај ги полицајците и адвокат“. И таа никогаш повеќе нема да може да му верува на својот сопруг.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно