Жена се омажила за бездомник кој на неа ѝ ги дал своите последни пари

Љубовните приказни можат да бидат прилично необични, како на пример оваа за двајца луѓе кои се запознале во најтешките моменти од своите животи. Џек Ричардсон (41) се запознал со 51-годишната Тони Озборн во 2013 година кога поминувала покрај него на улица во Бристол и бидејќи тој просел побарал од неа нешто ситно.

Одеднаш Тони се расплакала пред Џек и му кажала дека таа нема пари да си ја плати струјата. Така Џек го направил единственото нешто за кое мислел дека е исправно. Тој ѝ ги дал последните 50 центи за паркинг и веднаш се појавила посебна врска помеѓу нив двајцата.

Во следните неколку недели Тони поминувала да му прави друштво на Џек, каде што тој просел, се додека еден ден тој ѝ кажал дека повеќе нема да питачи затоа што ќе продава весник „Big Issue“. Една година подоцна Тони одлучила да му понуди на Џек да се всели кај неа, бидејќи тој ѝ се пожалил дека паркингот на кој спие не е повеќе слободен.

Парот се вљубил и една година подоцна во 2015, токму на местото каде што се запознале Џек клекнал и ја запросил Тони. Иако планирале само да одат до матично, откако купувачите на весникот дознале за приказната им приредиле церемонија во 2016 година.

Сега, повеќе од четири години подоцна, Џек и Тони сѐ уште се лудо вљубени, а Џек вели дека ова е „прв пат тој некогаш вистински да се чувствува стабилен, втемелен, вкоренет“. Тој исто така изјавил дека тоа биле најдобро потрошените 50 центи во неговиот живот.