Жена се преправа дека се онесвестува, а реакцијата на групата гуски никој не ја очекуваше
Многу луѓе се научени да се плашат од гуски. Тие имаат репутација дека се агресивни и има безброј приказни за луѓе кои биле бркани и каснати од гуски додека си го работеле своето. Ако некогаш сте поминале покрај езеро, најверојатно сте имале средба со гуска која не била баш пријатна.
Ова ниво на перцепирана и реална агресија ќе ги натера повеќето луѓе да мислат дека овие големи водни птици природно ги мразат луѓето. Но, дали навистина е така? Една жена неодамна објави видео каде се преправа дека се онесвестува пред нејзиното јато гуски за да види како ќе реагираат. Реакцијата на гуските беше изненадувачка.
Според Varment Guard Wildlife Services, гуските агресивно крекаат, мавтаат со крилјата и трчаат по луѓето затоа што се заштитнички настроени, не сакаат да делат, не се плашат лесно и навикнати се на луѓето бидејќи често ги гледаат.
„Мажјакот гуска (гандар) ја чува женката и гнездото додека лежи на јајцата. Гандарите не ги сфаќаат своите заштитнички должности лесно. Ако некој се приближи до нивните гнезда, тие не се плашат да бидат дефанзивни. Гандарот ќе продолжи да патролира наоколу, крека, шишти или ќе стане физички насилен додека не се испилат јајцата“, вели оваа служба за заштита на диви животни.
Бидејќи луѓето се навикнати на агресивната природа на гуските, видеото со жената и јатото, кое истрча кон неа за да ѝ помогне, им помага на луѓето да ги видат во поинакво светло.
Скоро изгледаше како да се обидуваат да смислат план како да ѝ помогнат, но не знаеја што да прават бидејќи немаат раце.
Гуските крекаа френетично, постојано гледајќи една во друга и во жената на земја. По неколку секунди од овој хаос, жената сфати дека тие навистина се грижат за неа и реши да им покаже дека е во ред.
Гуска една!
Коментирај анонимно