Жена се шетала со сопругот покрај реката и пронајде мистериозен предмет кој крие неверојатна приказна

Џесика Роуз се шетала со нејзиниот сопруг Симон Чендли Овенс до реката Стоно во Јужна Каролина. Таа го истражувала песокот и одеднаш забележала големо парче со необична форма. Таа веднаш сфатила дека станува збор за нешто посебно и почнала полека да го открива.

Џесика била возбудена затоа што сфатила дека станува збор за нешто многу старо. Всушност жената пронашла заб од мегалодонска ајкула.

За забот се верува дека е стар помеѓу три и пет милиони години. Тој е со големина од 14,6 см а тежи 453гр. „Бевме шокирани“, вели таа. „Забот е едноставно неверојатен“.

Мегалодон, што значи „голем заб“, е истребен вид ајкула и се смета за еден од најголемите предатори што некогаш живееле. Најраните мегалодонски фосили датираат уште пред 20 милиони години, со тоа што видовите изумреле пред 3,6 милиони години.

Otodus megalodon не само што беше најголемата ајкула во светот, но е и една од најголемите риби што постоела досега, со проценки кои сугерираат дека таа растела со должина помеѓу 15 и 18 метри – три пати подолга од најголемата голема бела ајкула.

Забите на ајкулата можат да ни кажат многу за овие масивни животни, како на пример што јаделе. Неофицијалниот рекорд за мегалодонски заб пронајден во Јужна Каролина е 16,5см кој се продаде на аукција во декември за 2.600 долари. Џесика исто така планира да го даде забот на аукција.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.