Жена се соочува со 20 години затвор откако го лажирала сопственото киднапирање

Шери Папини (39) е обвинета за лажење на федералните агенти за киднапирањето и за измама на компензацијата на жртвата, откако побарала 30.000 долари.

Папини се најде на насловните страници во 2016 година, откако исчезна додека беше на џогирање на 2 ноември, што предизвика повеќенеделна потрага.

Таа беше пронајдена 22 дена подоцна – на Денот на благодарноста – врзана со стеги и со неколку повреди, вклучувајќи скршен нос и „модринка“ на нејзиното рамо.

Папини тврдеше дека била киднапирана со пиштол од две жени Мексиканки, па дури и ги опишала жените и направиле цртежи од ФБИ, но мотивот и самите киднапери не биле фатени. Тогаш полицијата собрала ДНК што ја пронашле на местото на злостроството, но тогаш ништо не се појавило.

Во 2020 година им се појавило совпаѓање со поранешното момче на Шери, а кога се соочиле со него тој им признал сѐ, дека киднапирањето била чиста измама.

Поранешното момче, кое не е именувано, им кажало на полицајците дека побарала од него да ја земе на денот на нејзиното наводно исчезнување.

Во изјавата објавена од Канцеларијата на американското правобранителство за источниот округ на Калифорнија се наведува дека Папини имала „повеќе афери и момчиња“ и била опишана од поранешните партнери како „гладна за внимание“.

Поранешното момче и кажало на полицијата дека парот планирал да избега и користел припејд телефони за да ги договори деталите. Потоа ја собрал на 2 ноември, а Папини ги помина следните неколку недели во неговиот стан.

Мажот рекол дека потоа изнајмил автомобил за да ја врати во областа во која живеела на 24 ноември. Во пресрет на инцидентот, Папини собрала 30.000 долари од државниот одбор за компензација на жртвите.

Канцеларијата на американското правобранителство за источниот округ на Калифорнија во соопштение рече: „Вистина е, Папини доброволно престојуваше кај поранешен дечко во Коста Меса и се повреди себеси за да ги поддржи нејзините лажни изјави“.

Американскиот обвинител Филип Талберт рече: „Кога една млада мајка исчезна среде бел ден, заедницата беше исполнета со страв и загриженост. На крајот, истрагата откри дека немало киднапирање и дека времето и ресурсите што можеле да се искористат за да се истражи вистинскиот криминал, да се заштити заедницата и да се обезбедат ресурси за жртвите биле залудно потрошени.“

Доколку биде осудена, таа се соочува со максимална законска казна од 20 години затвор и парична казна до 250.000 долари.