Жена се спријателила со пајак кој живее во нејзиниот дом – дури и му изградила минијатурна куќичка

Алисон Бракен е една од ретките луѓе кои ќе му направат куќичка на пајакот наместо да го отстранат. Во видео објавено од „The Dodo“, таа раскажува како, иако порано се плашела од пајаци, денеска во нејзиниот живот има посебно место за еден скакачки пајак по име Спраут, кој го смета за дел од семејството.

 

Tiny Spider Keeps Returning So She Built Him A Cozy Home | The Dodo

Од страв до пријателство

Сè започнало кога Спраут „се вселил“ во нивниот дом – стара училишна автобуска приколка што парот ја претворил во подвижен дом. Со текот на месеците, врската меѓу Алисон и овој малиот осмоножен другар станала сè посилна. Секое утро, Спраут излегува да ја набљудува како ги прска растенијата, потоа лови инсекти, и конечно се искачува на таванот каде што исчезнува до следниот ден – секогаш повторно појавувајќи се во градината.

За да му биде уште поудобно, Алисон и нејзиниот сопруг му направиле на Спраут минијатурна куќичка, со полици, па дури и мали реплики на книгите покрај кои најмногу сака да дреме. Но, имало и драматичен момент – Спраут исчезнал со недели, и тоа го скршило срцето на семејството кое веќе  било многу приврзано. Среќасе вратил – повторно на своето омилено местенце.

Тајната зад исчезнувањето? Преслекување

Најверојатно, исчезнувањето било поврзано со процесот на менување на надворешната обвивка (молтинг), нешто што кај скакачките пајаци се случува 6 до 9 пати во текот на животот. Тоа е чувствителен период во кој пајакот се крие: прво се подготвува, потоа ја исфрла старата „кожа“, а на крај му треба околу недела дена новата да се стврдне и да стане како оклоп. Затоа Спраут се повлекол.

„Навистина заплакав кога ја видов повторно“, раскажува Алисон. „Никогаш не мислев дека толку ќе се врземе за толку мало суштество. Ни донесе огромна радост и не натера да ги разбереме и засакаме пајаците.“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *