Жена случајно открила нов вид на отровен пајак во својот двор
Додека го фрлала ѓубрето Аманда Де Џорџ забележала необичен пајак на капакот на кантата. Бидејќи таа е зоолог аматер, решила да го фотографира интересното суштетсво и да го постирала на нејзината Фејсбук страна за Зоологија.
Аманда од Тирул, јужно од Сиднеј, не направила многу добра фотографија од пајакот бидејќи било темно, но сепак тој му го привлекол вниманието на експертот за пајаци во Мелбурн, Џозеф Шуберт, кој побарал од Аманда да го фати пајакот за да може да го испита.
Неколку месеци подоцна жената успеала повторно да го забележи пајакот и фатила не еден туку два. Таа ги спакувала пајаците според инструкциите на Џозеф и му ги испратила. Таму научниците заклучиле дека овој вид не е познат и дека треба да му се даде име.
Пајакот, чија големина е само 4 мм, е дел од групата родови Јотус. Оваа група вклучува и други скокачки пајаци пронајдени во Австралија и Нов Зеланд, чии идентификациски карактеристики вклучуваат грмушести предни нозе и црна лента со бела боја околу неа.
Според ABC News, во моментот има 14 именувани видови пајаци во родот Јотус, од кои пет биле идентификувани во 2019 година од Шуберт и уште двајца научници. Пајакот е отровен, но отровот не е доволно јак за да биде смртоносен за луѓето. Сепак затоа е смртоносен за нивниот плен.