Жена спаси дабар, но не очекуваше дека малиот толку ќе сака новото место да го направи свој дом

Дали некогаш сте се запрашале како е да се има дабар дома? Ако луѓето чуваат коњчиња, магариња, верверички, ракуни, пајаци, мравки, скорпии, лисици и разни други помалку или повеќе егзотични или необични миленици, зошто да не и дабар? Ненси, која работи како згрижувач за диви животни го помислила истото, колку може да биде лошо, зарем не?

Иако можеби не е толку лошо, сепак е многу комично. Дабарот Бив бил пронајден како бебе во мај 2020, напуштен покрај патот. Ненси го земала за да се грижи за него, но одеднаш додека растел Бив почнал да се однесува поинаку. На Ненси почнале да ѝ снемуваат секакви предмети во и околу куќата. Очигледно кај дабарот профункционирале основните инстикти и тој почнал да си гради брана внатре во домот на Ненси. За тоа користел перници, кутии, статуетки, метални рамки, кофи и се што му се нашло на патот.