Жена спасува животни и ги смирува на сосема уникатен начин

Светилиштето Вале дe Рајнха, едно од најбезбедните места за животните на планетата, се наоѓа во Бразил и е управувано од добри и дарежливи луѓе. Мисијата на организацијата е „спасување животни и освестување на човечките животни“. Патриша Фавано, духовниот водач на светилиштето, им помага на животните да заздрават преку песна и добрина, а нивната реакција е неверојатна.

На секое животно им го даваат целото внимание што им е потребно за да се чувствуваат безбедно

Спасените животни се кревки, па затоа сите во Светилиштето се фокусираат на тоа да ја истурат целата своја топлина и љубов во нив. Страшно е да се сфати колку многу од овие суштества поминале, но волонтерите веруваат дека нашите чувства се ирелевантни и најважно е да бидеме позитивни и отворени со секое животно.

Како што објаснува Патриша: „Ние сме тука да ги ублажиме страдањата на нашите браќа. Мораме да го знаеме страдањето на другите за да можеме активно да им помогнеме да ја надминат својата болка “.

Пеењето на Патриша е најдобриот лек за сите овие суштества

Еден од најефикасните начини за поврзување и лекување на животните е преку пеење, како што открија во Светилиштето. Животните се трансформираат пред очите на луѓето кога пее Патриша и уживаат во тоа.

Но, Патриша не само што пее, нејзината друга омилена работа со животните е медитирање и обезбедување на потребниот физички допир. Некои животни сакаат многу милување.