Жена сподели како ефективно се справува со мажите кои ѝ праќаат експлицитни фотографии

Праќањето на експлицитни фотографии од полови органи за жал е во подем кај мажите, и жените на социјалните мрежи постојано примаат вакви несакани понуди. Една неодамнешна студија на YouGov покажа дека скоро 5 од 10 жени (46%) добиле експлицитна фотографија од маж, а шансите една жена да добие вакво нешто се зголемуваат доколку е помлада.

И додека сме свесни дека ова не е прифатливо и суштински понижувачко, ако се нашле во оваа вознемирувачка ситуација, останувате без коментар. Но, една жена која на Твитер требала да се справи со ваква ситуација тоа го направила на одличен начин и одлучи да го сподели со другите.

@FruityNessa добила порака од еден маж кој ја прашал дали би се смеела на неговиот „мал полов орган“ и ѝ пратил фотографија. Тогаш на Неса ѝ текнало да состави „автоматска порака“ наводно испратена директно од Твитер за да го заплаши манијакот.

Пораката гласи: „Ова е автоматизирана порака генерирана од страна на нашиот Твитер тим. Вашата фотографија го прекршува членот 42 У.С.Ц 1283 (2020). Фотографијата која ја пративте беше скенирана од нашиот бот во ВИ и беше обележана како несоодветна фотографија. Вашиот профил е закажан да биде пријавен во полицијата. Нашиот бот е во БЕТА тестирање, некогаш прави грешки. Ако верувате дека оваа порака е грешка одговорете со „ПОМОШ“ Инаку ќе бидете контактирани од вашите локални власти за 24 часа.“

Секако манијакот одговорил со „ПОМОШ“, но девојката го испратила каде му е местото…