Жена трагично загина откако удри во пропелер на авион додека се обидувала да слика
Несреќата се случила на аеродромот Кук во Дерби, Канзас, САД, а жената подоцна била идентификувана како 37-годишната Аманда Галагер.
Дерби е најголемото предградие на Вичита и град кој е дел од округот Седжвик. Службите за итна помош биле повикани пред 3 часот попладне во саботата (26 октомври), откако диспечерите во округот Седжвик добиле пријава за несреќа.
Галагер се здобила со критични повреди и била пренесена во локалната болница, каде подоцна им подлегнала на повредите.
По пристигнувањето, властите откриле дека жената се повредила сериозно откако наназад удрила во пропелерот на авионот додека фотографирала луѓе како се качуваат и слегуваат од него.
Истражувањето на несреќата е во тек, додека во меѓувреме блиските на Аманда поставиле страница за донации на GoFundMe со цел собирање средства за покривање на трошоците за нејзиниот погреб.
Организаторката на страницата, Аби Шарбоне, сподели емотивна порака за својата пријателка по трагичната вест за нејзиното предвремено заминување.
„Аманда Галагер беше љубезна, авантуристка, креативна и прекрасна и внатрешно и надворешно. Беше ќерка, сестра, тетка и пријателка, и многу ќе ни недостига“, напиша таа.
Шарбоне продолжи: „На 26 октомври, Аманда трагично почина во еден многу тажен инцидент, правејќи го она што го сакаше – скокајќи со падобран и фотографирајќи!“
По веста за инцидентот, аеродромот Кук објави соопштение на нивната официјална Facebook страница.
Тие напишаа: „Нашите мисли се со семејството и пријателите на младата жена која почина вчера во трагичен инцидент со авионски пропелер на аеродромот Кук. Не бев присутен кога се случи, затоа нема да шпекулирам што можело или требало да биде поинаку.
„Ве молиме, држете го нејзиното семејство, пријателите и нејзиното Air Capital Drop Zone семејство во вашите молитви и мисли,“ заклучија тие во изјавата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно