Жена во Босна спречи грабеж со автоматска пушка

Храбра продавачка во населбата Залик во Мостар спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми. Инцидентот се случил завчера околу 20 часот.
На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време од под јакната вади автоматска пушка. Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до турканица и борба за оружјето.
Напаѓачот во неколку наврати немилосрдно ја удрил жената со тупаница во предел на главата, но таа не попуштила во намерата да го разоружи. Во еден момент од пушката бил испукан рафал, но за среќа нема повредени лица.
На местото на настанот излегле припадници на Полициската управа Мостар, кои извршиле увид.
Полицијата во моментов презема интензивни активности за утврдување на идентитетот на сторителот и негово приведување.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *