Жена во машки свет: „Клиентите бараат второ мислење кога ќе видат жена- електричар. Но, јас си ја сакам работата!“
Жена електричар вели дека сака сè во својата работа, освен машките клиенти кои се сомневаат во нејзината способност.
Бетани Ендрјус (24), индустриска електричарка, од Кент, Велика Британија, имала загриженост за започнување кариера во индустрија која е во голема мера предводена од мажи.
И покрај охрабрувањето и континуираната поддршка од нејзиното семејство и пријателите, Бет морала да се справи со негативните сексистички коментари.
Бет вели: „Имам клиенти кои се сомневаат во мојата способност. Кога ќе дијагностицирам дефект и ќе им го кажам исходот, тие велат дека сакаат второ мислење. Не знам дали тоа е поради тоа што сум женско или дека сум млада. Или и двете?
Сепак, нејзината истрајност ѝ помогна да напредува во нејзината кариера и Бет ја инспирира идната генерација жени да ја изберат оваа индустрија за својата професија.
Неодамна таа зачекори во светот на социјалните медиуми создавајќи страница на Инстаграм „@beth_electrical“ посветена на нејзиниот живот како жена електричар, што, како што вели, ја направила посигурна.
Бет вели: „Ја започнав мојата страниа во јануари оваа година. Никогаш не сум била фан за социјални медиуми, така што ова беше навистина излегување од мојата комфорна зона“.
„Општо земено, повеќето луѓе имаат многу почит и ме прават да се чувствувам пријатно“.
„Повеќето луѓе се на социјалните мрежи се прекрасни и добивам пораки од други жени кои велат дека сум ги инспирирала за да се вклучат во овој сектор, што е прекрасно.
Бет исто така вели дека постарата генерација која работи во истата индустрија ја пречекала со раширени раце.
„Пред да започнам, бев загрижена дека ќе има стигма и силни верувања против мене во оваа улога, особено од постарите луѓе на работа, бидејќи тие се од генерација каде жената традиционално останува дома и готви додека пак, мажот оди на работа.
„Не требаше да ја правам оваа претпоставка бидејќи тие беа толку грижливи и ме научија толку многу. Обично работам сама, но по потреба, работам и со некој друг.
Бет рече дека нејзината љубов кон електричната енергија е благодарение на семејството.
Таа вели: „Кога бев мала, си играв со пластични алатки „JCB“, како и со барбики. Така, мислам дека секогаш имаше нешто во мене што ја сакаше идејата за ова“.
Коментирај анонимно