Жената била на курс до 10 вечерта (виц)
Мажот нервозен цела вечер ја чека жената да се врати. 8 ја нема, 9 ја нема и конечно во 10 се враќа. Мажот изнервиран веднаш започнува кавга:
– Ти куќа имаш ли мори? Знаеш ли колку е часот?
– Полека бе смири се.
– Нема да се смирам, кажувај каде беше до сега?
– Бев на курс.
– А тоа “с” на крај за звучност ли го додаваш?
– Не, за множина.

Коментирај анонимно