Жената која се омажи за дрво вели дека парот е многу среќен и планираат да го поминат Божиќ заедно

Мајка на две деца која се омажи за дрво вели дека парот има убав брак и дека тие ќе го слават третиот Божиќ заедно.

Кејт Канингам (37), која го смени презимето во Елдер кога таа и дрвото се венчаа во 2019 година во Сефтон, Англија, споделува како празниците ќе ги помине заедно со својот сакан „сопруг“.

Мајката, која работи како негувателка за својот аутистичен син го посетува дрвото до пет пати неделно, па дури и го украсува за Божиќ.

Кејт се омажи за дрвото пред три години во знак на протест против плановите за изградба на обиколница на местото на локалниот  парк.

Мајката на едно дете рече дека дрвото ја „надополнува“ и нејзината љубов само пораснала од нивната венчавка во паркот Римроус Вали во септември 2019 година.

Таа го опиша дрвото како дел од нејзиното семејство и рече дека нивниот брак ѝ го променил животот на подобро.

Кејт дури ги потпишува своите божиќни честитки со „Поздрав од од г-дин и г-ѓа Елдер“.

Таа планира да го посети дрвото на Божиќ за тоа не биде изоставено од нејзините празнични прослави.

Таа рече: „Ќе ни биде трет Божиќ заедно, така што речиси станува традиција да му закачам украси. Го направив венецот од зеленика, бршлен, бор и црвени зимски бобинки кои ги најдов за време на прошетка. Плус, додадов малку спреј со празничен сјај“.

Кејт, од блиското село Мелинг, веднаш знаела дека старото дрво е „вистинскиот“ поради неговата енергија.

Кога прв пат го видела дрвото нејзината привлечност била моментална.

Мајката често се чувствувала поврзана со природата, но поврзаноста со постарото дрво била на многу подлабоко ниво од онаа со другите дрва во паркот.

Семејството и пријателите на Кејт целосно го поддржуваат нејзиниот брак бидејќи знаат дека таа отсекогаш се чувствувала длабоко поврзана со земјата.

За Кејт, дрвјата се како луѓе тие имаат енергија и капацитет да формираат врски со работите околу нив.

Но, нејзиниот барк не може да се каже дека е целосно моногамен, бидејќи Кејт има момче.

Тој го поддржува нејзиниот избор, па дури и се придружува на Кејт на некои од нејзините посети.

Таа сè уште гордо ја носи својата бурма, која и била роденденски подарок од нејзиниот дедо.

Бракот бил дел од кампања за да се спаси паркот Римроуз.