Жената оди на посета на мажот во затвор (виц)

Жената оди на посета кај мажот во затворот. Мажот гледа дека жената е тажна па почнува со прашања:
– Како си ти, како се децата? Што се случи? Зошто си таква?
– Тебе нели ти дадоа 25 години?
– Да.
– Е па јас скоро цел месец, секој ден одев кај директорот на затворот да го молам да ти ја намали казната барем за 1 година, а тој секој пат ми даваше непристојни предлози.
– И ти што направи?
– Што… што… Собирај си го багажот и да се прибираме дома!