Жената ослабе 58 килограми и го загуби сопругот

34-годишната Кели Вилсон од американската држава Орегон во 2014 година почнала да се дебелее поради низа болести: лупус, ревматоиден артритис и фибромијалгија. Бидејќи била практично врзана за кревет, жената започнала да ја фаќа депресија, се тешела со нездрава храна и како резултат на тоа се направила 122 килограми.

Поради болеста и дебелината, Кели речиси престанала да оди. Тогаш 32-годишниот сопруг Мајк, кого го запознала во 2007 година, по цел ден се грижел за неа. Таа пробувала разни диети, но изгубените килограми секогаш се враќале. Таа не можела да се занимава со спорт од здравствени причини.

Во април 2019 година, Кели направила операција за намалување на обемот на стомакот. По постапката успеала да се ослободи од дури 58 килограми. Благодарение на трансформацијата, таа повеќе не била зависна од Мајк и нивната врска почнала да се распаѓа. На почетокот на 2021 година, после 14 години брак, сопругот побарал развод.

Сега таа учи да живее сама. „Операцијата ми дозволи повторно да ја преземам контролата над мојот живот. И иако не е секогаш лесно, сега почнав да се препознавам себеси повеќе од кога било“, рече таа.