Жената секогаш била крај мажот (виц)

– Маро, памтиш ли еднаш кога ги потрошив сите наши пари на покер и сите ми се смееја – ти беше до мене?
– Памтам драги!
– А памтиш ли кога имавме сообраќајка и еден месец лежев во кревет, ти пак беше до мене?
– Памтам, срце мое!
А памтиш ли кога почнав свој бизнис и кога ми пропадна, ти пак беше до мене?
– Секако дека памтам!
– И сега, откако се разбудив после една година во кома, ти пак си до мене?
– Да, миличок!
– Знаеш ли што си мислам, Маро?
Мара замислено:
– Што драги?
– Голем баксуз си ми мори Маро!