Жени одговараат на прашањето: „Што прават мажите и мислат дека е во ред, но всушност морничаво?“
Понекогаш работите што мислите дека се сосема во ред да ги кажете или да ги правите, не се во ред. Всушност, тие можат да бидат толку морничави, што ги тераат луѓето да се чувствуваат непријатно, па дури и како да се во опасност
Корисник на Редит ги праша жените : „Што е она што го прават мажите и мислат дека е во ред, но всушност е многу морничаво?“. Повеќето од одговорите се симптом на токсична мажественост каде што мажите следат многу тесен, предодреден пакет инструкции за тоа како треба да се однесуваат. И тоа не е добро за никого.
Прочитајте ги непријатните ситуации во кои се нашле овие жени.
- Флертување во позиција каде што не можам да заминам, како на пример во такси. Повеќето пати, кога жените не се заинтересирани и вие постојано притискате, ние се плашиме дека ќе бидеме нападнати или убиени! Страшно е.
- Не разликуваат учтивост од флерт.

- Те малтретираат да излезеш со нив само затоа што немаш дечко. „Но зошто не сакаш да излеземе? И онака немаш дечко“. „Тоа е поентата, не сакам да имам!“
- Ако имаш над 18 години, и ти кажам дека сум малолетна, не ми зборувај те молам.
- Кога ќе ме прашаат дали живеам сама. Ако веќе има пријателство тука, добро. Но, ако не ве знам или сте само познаник, тоа ме плаши.
- Ограничување на моето движење на кој било начин. Ако стои пред мене, ако ме фати за зглоб, ме држи за половина итн …

- Ако постојано зборувате за тоа колку ги почитувате жените, веројатно не ги почитувате жените.
- Лошо зборуваат за нивните бивши и нивните деца. Не знам што се случува со некои мажи, но многумина жалат што имаат деца и се лути што мораат да дадат пари на бившата сопруга.
- Кога ќе кажам дека не сакам деца, а некое момче се обидува да го смени мислењето како тоа да е негова работа.

- Имав шеф што се прикрадуваше позади жени и ги масираше за врат. Страшно.
- Мажи на висока позиција кои поставуваат сексуални прашања или коментираат за вашето тело.

- Кога ми свиркаат од кола.
- Мажи кои не прифаќат „не“ за одговор.
