Жените полудуваат по новиот тренд на облекување, а ние можеме да кажеме дека сега официјално се збогувавме со „дамата“ како поим

Каде е времето кога жените носеа убави фустани и здолништа и зрачеа со елеганција? Ако го барате нема да го најдете во иднината.

Нов тренд што брзо стана вирален ги охрабрува жените да се облекуваат удобно за вечерните излегувања. Тој, според многумина, е тајната за наоѓање на совршениот маж. Но, што се подразбира удобно? Кој рече дека не можеш да бидеш елегантен и да се чувствуваш удобно. Сепак не, овде удобно се мисли дека треба да излезете со широк дуксер и патики како за по дома.

„Обично јас и моите пријателки носиме типична облека за излегување. На пример, мини сукња, чизми, кратка маичка“, изјави студентката од Универзитетот во Аризона, Лондон Картер.

Но, откако облекле предимензиониран дуксер, широки фармерки и патики, таа и нејзините пријателки биле изненадени што им приоѓале повеќе мажи од вообичаено, а некои дури и ги пофалиле нивните комбинации.

„Добиравме повеќе погледи од вообичаено и разговаравме со многу повеќе луѓе отколку вообичаено. Дури не поканија да играме билијард со нив, што никогаш претходно не ни се случувало. Додека игравме билијард, ни купија и пијалоци“, се потсетува таа.

 

Елеанор Роуз Кремер исто така ја тестирала теоријата, објавувајќи видео каде што е облечена во „удобна“ облека и оди во бар.

Во видеото, 23-годишната девојка и нејзините пријателки носат хеланки или фармерки и дуксери, а мажите постојано им приоѓаат.

„Функционираше премногу добро“, напиша таа во описот.

Експертите велат: удобната облека привлекува „поквалитетни мажи“?

Според Џејми Бронштајн, терапевтка за врски од Калифорнија, облекувањето удобно може да привлече „подобар“ тип на мажи – но предупредува дека не треба да се претерува.

„Има екстреми кои треба да се избегнуваат. Доколку дојдете во тренерки и планинарски чизми, тоа нема да го постигне саканиот ефект – зачувајте ја таа комбинација за дневни состаноци или за дома“, вели таа.

Експертката смета дека лежерната облека може да ве направи поуверени, а тоа, пак, ве прави подостапни.

„Носењето лежерна облека во бар покажува дека сте доволно сигурни во себе и во својата личност и дека не ви е потребно да привлекувате мажи со откривање на премногу кожа. Квалитетните мажи ги привлекуваат жени кои ги ставаат своите потреби и самоизразување на прво место. Изборот на удобност наместо разубавување покажува дека сте самоуверени. Квалитетните мажи, иако сакаат кога девојката се средува (во соодветни моменти и места), често велат дека најмногу сакаат лежерен стил – маица и фармерки со природна шминка, па затоа теоријата за удобната облека звучи сосема логично!“

Значи девојки ве молиме не го мешајте стилот на лежерно и удобно, со прешироки облеки и без елеганција. Може да се биде лежерен, удобен и елегантен. Или изгледа веќе помина тој воз…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *