„Жените треба да чекаат прстен на рака па потоа да спијат со мажите, еве зошто“
Луиз Пери стана позната по тоа што ги сподели своите искрени мисли за интимноста и зошто с*ксот без обврски може да има голем број „реперкусии“.
Неодамна таа ја откри вистинската причина поради која жените не треба да се интимно поврзани со мажите додека не добијат прстен.

За време на една епизода од подкастот „The Diary Of A CEO“, Луиз сподели дека имањето с*кс пред вашиот маж да падне на едно колено е „голем ризик“.
Таа објасни дека запознавањето е „цела игра“ и дека жените често се чувствуваат „одвратно“ по с*кс за една ноќ, додавајќи дека треба да ги променат стиловите на комуникација околу с*ксот.
„Недостигот на социјални правила прави сите да пропаднат“
Луиз забележала дека жените и мажите често завршувале во тешки ситуации бидејќи мажите не знаеле правилно да ги читаат „социјалните знаци“, додека жените не биле во можност да кажат дека не сакаат с*кс затоа што се обидувале да постават граници со тоа што се трудат да бидет „пријателски“ настроени.
Таа објасни дека ако жените чекаат да имаат с*кс додека не се свршат, помала е веројатноста да бидат зафатени од емоции.
„Многу млади жени прифаќаат с*кс без обврски дури и ако не го сакаат тоа. Тоа предизвикува многу мизерија бидејќи особено жените имаат тенденција да се емотивно повеќе врзани за с*ксот отколку мажите“, додаде таа.

Луиз за време на разговорот открива и дека, според податоците, жените „се чувствуваат одвратно“ по с*кс за една ноќ. Луиз исто така сугерираше дека чекањето за да се има с*кс има голема врска со репродукцијата.
Таа истакна дека ако не сакате да имате бебе со некого, тогаш не треба да спиете со него.
„Да се има с*кс со маж од кого не сакате да забремените е лоша одлука и голем ризик“.
Сепак, Луиз сподели дека знае дека нејзиниот совет не е лесен за следење. Таа објасни дека состанувањето станало „комплицирана игра“ во последниве години.
„Морате да ја пронајдете вистинската личност, мора да ја најдете во вистинско време, мора да обезбедите посветеност од нив“, рече Луиз.
На крајот од епизодата, Луиз го сврте погледот кон порно филмовите велејќи дека треба да бида забранети . поради тоа колку се опасни.
„Тоа е толку експлоатирачко и предизвикува толку многу психолошка и физичка штета“, додаде таа.

2 типа на податоци во врска со темава, што ги најдов на интернет:
1) Просечната возраст кога луѓето (девојчиња и момци) почнуваат да имаат сексуални односи е околу 17 години.
2) Просечната возраст кога луѓето (девојчиња и момците) стапуваат во брак е 31,2 години!!!
Коментирај анонимно