Женките октоподи имаат многу „човечки“ начин на справување со мажјаци кои им додеваат

Новото истражување откри дека женките октоподи фрлаат песок, школки и алги кон мажјаците за време на несакани обиди за парење.

Од 2015 година, истражувачите од Универзитетот во Сиднеј, Австралија, проучуваат октоподи во заливот Џервис на јужниот брег на Нов Јужен Велс и неодамна открија дека женските октоподи, фрлаат школки и алги кон други октоподи.

Во еден инцидент во декември 2016 година, една женка октопод фрлала предмети што биле наоколу дури десет пати, од кои пет го погодиле мажјакот, кој повеќепати се обидувал да се спари со неа, велат научниците.

Истражувачите велат дека фрлањето на работи е вообичаено за октоподите. Тие дојдоа до сознание дека октоподите „дефинитивно може да се додадат на потесниот список на животни кои редовно фрлаат или придвижуваат предмети, и истовремено се додаваат на пократката листа на оние што ги фрлаат врз други животни“.

„Овие фрлања се насочени кон поединци од иста популација во социјални интеракции, оваа форма на фрлање на предмети кон други единки е ретка појава кај животните“, велат истражувачите.