ЖЕНСКА СИЛА! „Јас сум жена бодибилдер, многу луѓе велат дека изгледам мажествено, но јас се чувствувам премногу женствено во моето тело!“
Жена бодибилдер раскажува за тоа како е предмет на навреди поради нејзината мускулеста фигура.
Адел МекГиливреј (28) го започнала своето фитнес „патување“ во 2016 година.
Медицинската сестра за ментално здравје потоа влегла во нејзиниот прв натпревар во бодибилдинг во 2019 година каде ја освоила главната награда.

Оттогаш, мајката, од Мадервел, продолжила да ја следи својата страст – дури и освоила злато на настан минатата година, само шест месеци по раѓањето на нејзиниот син Аксиел.
Но, тоа не ги спречило некои луѓе да даваат непријатни коментари за нејзината фигура.
Адел, мажена за личниот тренер Роби, вели: „Многу луѓе ме нарекуваат маж и ми рекоа дека сум премногу мускулеста. Луѓето велат „поголема си од просечен маж“ и „Дали навистина мислиш дека тој изглед е привлечен?“

„Би рекла дека тоа влијаеше на мене на почетокот бидејќи немав многу луѓе околу мене кои го разбираа тоа. Но, сега тоа не ми пречи. Воопшто не се замарам со она што луѓето го кажуваат затоа што го правам тоа затоа што искрено го сакам спортот“.
И покрај тоа што ѝ беше кажано дека е премногу мажествена, Адел смета дека тоа не може да биде подалеку од вистината. Таа е категорична и вели дека можеш да бидеш бодибилдер, а сепак да бидеш девојка колку што сакаш.
Адел го запознала сопругот Роби кога работел во теретаната што таа ја користела.
Откако победила на натпревар минатата година, Адел изјави дека сака да им покаже на другите мајки дека се е можно.

Таа вели: „Покажав дека можам да бидам добра мајка и сè уште продолжувам со моите страсти. Мислам дека е важно мајките сепак да можат да ги остварат своите соништа без разлика колку деца имаат. Најдоброто чувство на светот е да можеш да покажеш што можеш да правиш веднаш по породувањето и да им докажеш на луѓето дека грешат“.

Коментирај анонимно