Женскиот фудбалски тим на Јордан тврди дека голманката на женската фудбалска репрезентација на Иран е маж

Голманката на иранската женска фудбалска репрезентација вети дека ќе го тужи „силеџискиот“ јордански Фудбалски сојуз откако тие ја обвинија дека е маж.

Зохрех Кудаеи (32) одбрани два пенали кои донесоа победата од 4-2 над Јордан во Узбекистан на 25 септември, што значи дека женскиот тим на Иран, за прв пат, се квалификуваше за Купот на Азија.

Но, по натпреварот, Фудбалскиот сојуз на Јордан побара „проверка на полот“ на Кудаеи од Азиската фудбалска федерација (АФФ).

Кудаи денеска категорично рече: „Јас сум жена. Ова е малтретирање од страна на Јордан“.

„Ќе го тужам Фудбалскиот сојуз на Јордан“, додаде таа“.

Менаџерот на иранскиот тим ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека јорданскиот тим, кој беше фаворит, бара „изговор“ за губењето на натпреварот.

Тренерот на иранскиот тим, Мерјам Ирандост, изјави: „Медицинскиот персонал внимателно го прегледа секој играч во националниот тим во однос на хормоните за да избегне какви било проблеми во овој поглед, и затоа им велам на сите навивачи да не се грижат“.

Тренерот рече дека Кудаеи претходно ја претставувала нејзината земја во квалификациите за Азискиот куп во 2008 и 2010 година.

„Ќе обезбедиме каква било документација што ќе ја посака Азиската фудбалска конфедерација без губење време“, додаде таа.

Ирандост рече дека обвинението се користи за прикривање на загубата на Јордан.

„Овие обвинувања се само изговор да не се прифати поразот од иранската женска репрезентација“, рече таа.

„Јорданскиот тим се сметаше себеси за голем фаворит за пласман… и кога загубија… беше природно да се бара олеснување под лажни изговори и да се избегне одговорноста за овој неуспех“.

IRAN VS JORDAN | Penalty Shootout Highlights |AFC Women's Qualifiers 2022