Џесика Алвес избегала од нивата и отишла да плаши луѓе на Ибица
39-годишниот транс модел ги покажа своите облини во тесниот костим за капење додека позираше за фотографирање во клубот на плажа Jacaranda Lounge. Костимот за капење со екстремно длабоко деколте остави малку на фантазијата, а на каква фантазија еве заклучете вие самите.

Ова бил неопходен одмор за Џесика откако неодамна детално раскажа за менталните борби откако и се изместиле XXL имплантите на задникот. И ние сосема ја разбираме. Кога ќе ни се поремети нешто во денот најчесто и ние сме на Ибица да се рехабилитираме.



„Од јануари, откако морав да ги поминам Божиќ и Нова година во болница, откако моите импланти на задникот ми беа поместени во мускулите, развив анксиозност и страв да бидам сама дома. Почувствував потреба да излегувам во центарот на Лондон од недела до недела, што ме натера да пијам повеќе алкохол и да накачам неколку килограми, давајќи ми надуен изглед. Не бев добро и не можев добро да спијам и морав да го признаам тоа и да направам нешто околу тоа. Ги спакував куферите и летав за Сао Паоло Бразил каде што живее моето семејство и каде што имам прекрасна куќа. Потоа започнав интензивни холистички третмани, вклучувајќи Реики и Ајахаска автохтона чајна терапија. Ми помогна многу и сега се враќам во Лондон чувствувајќи се како нова жена, посмирена и полна со енергија. Бев со еден вид депресија по операциитe, се чувствував како да трчам маратон кој никогаш не заврши“.



Bi go zamolil timot na motika da ne objavuva vakvi ili slicni horor sodrzini.
Коментирај анонимно