Згодната гимнастичарка Оливија Дан фасцинираше со неочекувана шпага на пистата на Sports Illustrated (ВИДЕО)
Оливија Дан (22), поранешната гимнастичарка од LSU Tigers и модел на Sports Illustrated Swimsuit, повторно стана вирален хит со својот необичен потег на модната писта. Облечена во бикини со црно-бел дезен и црвени машни, Дан со самодоверба прошета на ревијата на Sports Illustrated Swimsuit, а публиката остана изненадена кога таа на крајот од пистата се спушти во совршена шпага.
Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи, а фановите ја пофалија за нејзината енергија и храброст: „Ако можев да правам шпага, ќе ја правев во секоја прилика секоја прилика!“, напиша еден обожавател, додека друг додаде: „Најдобрата прошетка по модната писта што сум ја видел!“
„Бев предизвикана“
Дан, која беше една од четирите жени на овогодинешната насловна на Sports Illustrated, заедно со Лорен Чан, Салма Хајек и Џордан Чајлс, подоцна откри дека потегот бил резултат на едноставен предизвик: „Бев предизвикана“, напиша таа на платформата X (поранешен Твитер).
Повредите се небитни пред упорноста и самодовербата
Она што го прави нејзиниот настап уште пофасцинантен е фактот што таа сè уште закрепнува од сериозна повреда. Во видео зад сцената, Дан откри дека позирала со скршена чашка на коленото.
И покрај повредите, таа продолжува да инспирира со својата упорност и самодоверба, оставајќи трага и во спортот и во светот на модата.
Коментирај анонимно