Згодните тетки откриваат: „Зошто најдоброто време за носење мини здолниште е во 50-тите години?“
„Времето има чуден ефект врз геометријата на нашите тела како што старееме. Како што се наближуваат 50-тите, мојата коса дефинитивно станува пократка“.
Истото со моите трепки: потребни се неколку слоеви маскара за волумен пред огледалото секое утро. Моето деколте станува поспуштено, но тоа е тоа“. Ова се само некои од констатациите на жените во 50-тите години за разликите кои се случуваат во нивниот изглед во 5-тата деценија.

Но, исто така жените во овие години имаат дојдено до едно интересно откритие. Со малку одржување нашите нозе можат да станат наше најдобро богатство. И сега е време да ги покажете, доколку сте жена во овие години.
„Со наближувањето на сезоната на божиќни забави, продавниците се полни со прекрасни фустани со светки, мини здолништа и што уште не. Во минатото немаше да ги погледнам или ќе и кажев на мојата 25-годишна ќерка да ги проба“, вели една жена.
Погледнете ги и славните 50-годишни жени. Гвинет Палтроу минатиот месец наполни 50 години со гола фотосесија на која нејзините нозе изгледаа ултра тонирани и згодни, додека Никол Кидман, на 55-годишна возраст, го избра најситното од микроздолништата за насловната слика на „Vanity Fair“ на почетокот на оваа година.

Како што се намалуваат нивоата на естроген и прогестерон за време на менопаузата, постои склоност мастите да се префрлат од колковите и бутовите – „гиноидната“ форма на нашите плодни години – кон стомакот, што нè прави дебели околу средината, но оставајќи ги нозете послаби.
„Тоа секако беше случај со мене. Во моите 20-ти никогаш не носев мини здолништа. Ги мразев моите бутови. Отсекогаш ги сметав за премногу месни и буци – секако работи што не треба да се покажат во кратко здолниште. Мојот „изглед“ беше фармерки, чизми „Д-р Мартенс“ и рачно плетен џемпер што паѓа вешто од едното рамо.
Мојот стомак беше кралскиот дел од моето тело. Без разлика колку чаши вино, доцна ноќни јадења или корпи со сладолед сум изела, тој остануваше пркосно рамен. Дури и две бремености во моите доцни 20-ти и раните 30-ти години не ми попречија.
Меѓутоа, кон крајот на моите 40-ти, почнав да забележувам дека рамнотежата се менува. За прв пат имав „стомак“.
Во меѓу време нешто различно се случуваше со моите нозе. Тогаш првпат почнав да го сфаќам кога паднав од планински велосипед пред пет години и ги објавив сликите од моите импресивни модринки на социјалните мрежи. Меѓу очекуваните одговори во кои се изразува сочувство, еден пријател напишал: „Убави нозе“.
Веднаш се засрамив и ја избришав сликата. . . но дали навистина имав убави нозе? Секогаш ги облекував во панталони и заборавав на нив. Но, откако проверив тие беа дефинитивно послаби“.

Оваа констатација на 58-годишната Лусинда Мид, физиотерапевт и личен тренер на „Twenty Two Training“ во Лондон, покажа дека поткожната маст од нашите нозе значи дека е совршено време да ги покажеме нозете. Иако и на оваа возраст доаѓа до губење на мускулите, никогаш не е доцна да се работи на силата и формата.
Внимавајте, сепак, трчањето или возењето велосипед сами по себе нема да го направат тоа, објаснува Лусинда. Градењето мускули може да се постигне само преку вежбање со тегови, што значи користење на тежината на вашето тело, или слободни тежини, за работа на одредени мускулни групи.
„Треба да тренирате околу два до три пати неделно со тегови – а истовремено да вклучите и вежби за истегнување и балансирање“, вели таа.

Коментирај анонимно