Жена, боксер, од Русија го криела својот пол за да може да се бори со мажи

Татјана Дваждова сакала да докаже дека и жените треба да бидат сфатени сериозно како и мажите во рингот и затоа одлучила да го сокрие полот за да добие шанса да се бори со мажи. 22-годишната девојка си ја скратила косата, пуштила влакна на нозете па дури и си ги стегала градите за да изгледа како маж.

Татјана, која е по потекло од Санкт Петербург, боксува уште од 16 години и тврди дека се борела во 17 аматерски борби против мажи. Нејзиниот официјален победнички рекорд не е прецизиран.

„Сè беше добро сè додека еден ден мојот тренер не ми рече дека наскоро ќе се борам со девојка. Му реков дека сакам да се борам со маж, бидејќи се чувствував како да можам да го сторам тоа и да го победам. Тој рече дека правилата не дозволуваат жените официјално да се борат со мажи. Тогаш го напуштив клубот. Отсекогаш сакав да се борам само со мажи затоа што тие велат дека жените се послаби и сакав да го докажам спротивното.“, вели Татјана.

Татјана продолжила да учествува во улични тепачки и се борела само со мажи. Таа вели дека избегнувала да разговара со противниците за да не биде разоткриена. Татјана тогаш одлучила да се врати во боксерскиот ринг. Така освен што го променила надворешниот изглед направила и лажен пасош и се претставувала под името „Владимир Ермолаев“.

Сега таа повеќе не го крие идентитетот, но има барање да се бори само со мажи и бара поголема рамноправност во спортот.