Жена чиј успешен живот бил целосно уништен од дрогата сврте нова страница за да си ги врати децата

Животот на Ангела Дејви се движел во одличен правец уште кога била дете и сите имале големи очекувања од неа. Таа првин добила стипендија од 16.000 евра да оди на приватен колеџ, а потоа и дипломирала историја на универзитет.

Имала добра работа, се омажила, добила две деца. Но, сѐ почнало да се руши откако во 2015 година нејзиниот брак започнал да пропаѓа.

Веќе во 2017 поранешниот сопруг на Ангела си заминал од куќата заедно со нивните две деца, кои сега имаат 10 и 8 години. Тој го добил целосното старателство, а сега 39-годишната Ангела почнала да пропаѓа. Таа на Тиндер запознала маж кој бил поранешен зависник од дрога. Откако почнала да излегува со него тој се вратил на дрогата, а таа како што вели поради тоа што била „скршена“ му се придружила.

„Почнав да земам кокаин секој ден откако ги немаше децата. Се чувствував изолирано. Еден ден, јас и Џозеф отидовме во нечиј стан и тие ме прашаа дали сум пробала да пушам крек. Мислев дека ќе блокира сè. Тоа ми се допаѓаше. Беше интензивно.“, објаснува Ангела.

Таа набргу изгубила контрола, дала отказ од работа и наскоро се свртела кон хероинот. „Дилерите ми рекоа дека ќе помогне да се контролираат копнежите за крек. Јас сум интелигентна личност, но тогаш размислував само краткорочно – да ги нахранам моите желби. Пушев во мојот стан и веднаш заборавав на сè.“, вели Ангела.

Потоа за работите да станат полоши дилерите на дрога се преселиле во нејзиниот дом, а како надомест за кирија ѝ давале две дози хероин и шест дози крек. Откако полицијата ги уапсила дилерите и Ангела, таа по излегувањето од затвор спиела под мостови со нејзиното момче Џозеф и продолжиле да се дрогираат кога и да можат.

Таа неколку пати била апсена и пуштана за ситни кражби. Но, последен пат кога завршила во затвор и кога биле објавени фотографии од тоа како некогаш изгледала и каква е сега, Ангела решила да го ппромени животот.

Таа станала дел од програма за одвикнување во затворот и почнала да им предава на затворениците англиски јазик и математика. Ангела сега е на условна казна и мора да се шета со „алка“ на глуждот, но вели дека е чиста и дека конечно си ги сфатила грешките и сака да си ги врати децата, или барем почесто да има контакт со нив.  Таа исто така сака повторно да се врати на својата професија како професорка.