Жена добила стотици телефонски повици по шега во серијата „Саут Парк“
Секој кој гледал „Саут Парк“ многу добро знае дека работите кои се случуваат и кажуваат таму не треба да се сфаќаат сериозно или буквално. Но, сепак некои луѓе решаваат да ги испробаат нивните теории, а една жена беше „жртва“ на ваков момент.
Во една епизода бил оставен телефонски број за кој пишувало дека е контакт до креаторите на Саут Парк, Треј Паркер и Мет Стоун, за стекнување на правата „Шоуто Скот Малкинсон“, како и голем број лажни програми што се гледаат во 23-та сезона. Многу луѓе се јавиле на овој број и биле „почестени“ со порака од Паркер.
Сепак една жена има скоро ист телефонски број, со само една различна бројка и таа вели дека над 200 луѓе по грешка ја барале на работа.
„Значи, очигледно епизодата на Саут Парк што се емитуваше на мојот роденден го имаше Бебе Јода. НО, исто така, навеле телефонски број многу сличен на мојот број на РАБОТА на кој луѓето се јавуваат. Значи .. Како што можете да замислите, еден куп луѓе погрешно го пишуваат овој број и наместо таму ми се јавуваат мене. Во текот на изминатите два дена, добив 200+ телефонски повици и луѓе ми оставаат рандом пораки. Врската ја сфативме дури денес кога еден од момците што се јаву всушност се впушти во разговор наместо да се смее како тинејџерка и да спушти. Сега се чувствувам како да треба да ја гледам епизодата. Вистинскиот број за повик е 719-838-4002 за сите заинтересирани да го слушаат велигденското јајце на епизодата. Ве молам не ми се јавувајте на работа.“, објаснила жената на Фејсбук.
Од Саут Парк повторно го објавиле бројот откако дознале за комичната ситуација (за нас, за жената не веруваме).