Жена дознала дека сопругот ја изневерува благодарение на критичар за храна

Том Сиетсема оди во најразлични ресторани во Вашингтон порачува јадења, а потоа пишува рецензија за нив во познати списанија за храна.

Тој не се надевал дека една од неговите критики ќе биде пресудна не за ресторанот, туку за една жена која е обожавателка на неговата работа.

Критичарот не може да поверува кога една жена му оставила коментар дека во текст каде што објаснува за храната и има неколку фотографии од ресторанот и јадењата, таа го забележала нејзиниот сопруг со непозната жена. Така таа сфатила дека тој ја изневерува и решила да му се заблагодари на Том затоа што ѝ „помогнал“.

„Па, последната рецензија на Том е проследена со фотографија на мојот сопруг како вечера со жена која не сум јас! Откако се соочи со фотографски докази, тој призна дека има афера во тек. Само мислев дека ќе ви биде интересно кога ќе слушнете за вашата улога во драмата. Овој Ден на благодарноста благодарна сум што разоткривте изневерување!“, напишала жената.